4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Дaмиано од „Mанескин“ има нова фризура

Најчитани вести

Ако некој дефинитивно го извлече максимумот од годинашната Евровизија, тоа дефинитивно е групата „Манескин“.

Што и да направат, особено нивниот фротмен Дамиано Давид, е проследено со огромно внимание од јавноста. Без оглед на тоа што во Италија и пред „Евровизија“ беа познати, ништо не може да се спореди со планетарната популарност со која се соочуваат сега.

Посебно Дамиано, кој со својот изглед и начин на однесување секогаш е привлечен, не само за публиката, туку и медиумите.

Овој пат тоа го постигна со фотографија од новата фризура.

Обожавателките дискутираа околу тоа дали им се допаѓа неговиот нов изглед. Некои беа разочарани што повеќе ја нема неговата долга коса, додека други сметаат дека „би бил убав да облече дури и ќеса за ѓубре“. А на фотографиите Дамиано носи бисерен ѓердан и шорцеви.

Промената на имиџот воопшто не е драстична, но е доволна за да помогне во промоција на она што им е важно, а тоа е најава на нов спот за песната „I wanna be your slave“.

Песната е објавена годинава како дел од албумот „Teatro d’Ira – Vol I“ и досега бележи 23 милиони прегледи на „Јутјуб“, а од групата велат дека наскоро ќе ја гледаме и визуелната приказна за песната.

Дотогаш, како ви се допаѓа новиот изглед на фронтменот?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com