8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Д-р Пановски: Ризик е да се почне учебната година со физичко присуство

Најчитани вести

Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски.

Тој смета дека ако на едно дете му се случи нешто посериозно, тогаш ќе настане хаос бидејќи атмосферата е многу чувствителна. Според него, треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот што премногу ученици во едно одделение тешко можат да одржуваат дистанца и да ги почитуваат протоколите.

Можеби требаше да се овозможи комбинирано да се учи, и со физичко присуство и оналјн. Работите ќе зависат од тоа каква е стратегијата, а очигледно, стратегија нема. Во Шведска имаа стратегија, децата ги пуштија на училиште да се инфицираат. Затоа не носеа маски и сепак немаа ниеден смртен случај, а тоа е држава со 10 милиони жители. Кога ќе се разболи детето таму, останува дома, а другите продолжуваат да си одат на училиште. Кај нас ќе биде хаос, едно дете ќе се разболи, па цел клас ќе биде во изолација, вели Пановски.

Според него, здравствените власти знаеле дека ни претстои попис, избори, учебна година, па затоа не требало да дозволат свадби и собири.

Но, тоа е нашата реалност, додава Пановски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com