8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Д-р Бухова: Сите медицински лица треба да бидат вакцинирани

Најчитани вести

Доктор Ирина Бухова, во своето гостување на Утрински Брифинг, ја нагласи важноста медицинските лица, докторите, персоналот, да бидат вакцинирани, бидејќи се постојано во контакт со пациенти.

Таа зборуваше и за вонредната инспекциска контрола на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во модуларните болници низ земјата.

-Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај – вели Бухова.

Таа нагласува дека постојано ги контролираат санитарните услови во сите болнички објекти, но дека ризикот за интрахоспитални инфекции и понатаму постои.

Нејзин личен став е дека сите медицински лица мора да бидат вакцинирани. Во ДЗСИ, каде таа е директор, сите се или вакцинирани или прележани, во период од закрепнувањето кога не можат да бидат веднаш вакцинирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com