Home » Дури 36 возила со дупнати гуми откако од камион на автопат во САД испаднала кутија со шајки

Дури 36 возила со дупнати гуми откако од камион на автопат во САД испаднала кутија со шајки

by Журнал.мк

На автопат близу Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, се случи несекојдневна сообраќајна незгода – на дури 36 автомобили им се дупнаа гумите, откако од камион испаднала кутија со клинци, по што настанал хаос.

Имено, како што прикажуваат и снимките, некои возачи сепак успеваат да ја заменат дупнатата гума, но некои немале резервна, па морале да чекаат помош. Набргу по објавувањето на веста изби жестока дебата… Наводно, поранешен вработен во продавница за машински делови изјавил дека претпоставениот му рекол да ги земе шајките и да ги фрли низ прозорецот.

Но, според полицијата, овој инцидент не е намерно предизвикан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More