14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

ДУИ ја поздравува одлуката на Бајден

Најчитани вести

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските
институции.

Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот и против Охридскиот рамковен договор кои всушност се и наши прогласени, светско познати црвени линии.

– Демократската Унија за Интеграција целосно ја поддржува одлуката на Соединетите Држави, поточно нивната посветеност за унапредување на отчетноста и борбата против корупцијата во Западен Балкан но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува длуката на Белата куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми – велат од партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com