14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

ДУИ: Зеленатa агенда ќе го факторизира повеќе гласот на Албанците во Велес, заокружете го бројот 3

Најчитани вести

Демократската унија за интеграција денеска ја продолжи презентацијата на својата изборна програма базирана на заветите на зелената агенда и
проектите за квалитетен живот, денеска во Бузалково во општина Велес, презентирајќи ја истовремено и листата на кандидати за советници за општина Велес предводена од Невзат Муареми.

На жителите на Велес им се обратија претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во својот говор ја истакна големата поддршка за Албанците од Велес и посветеноста да се продолжи патот на развојот на нивниот живот и нивната факторизација преку имплементацијата на зелената агенда.

-Во овие дваесет години инвестиравме во кадри, инвестиравме за да не се поделат Албанците, инвестиравме и едуциравме кадар за да се занимава со работа, програми и проекти, со идеи и визии, а не со пцовки и навреди. Срамно е за нас да навредуваме или да ги клеветиме другите, и ние никогаш нема да го сториме тоа, и покрај тоа што ова го прават другите, но ние се надминавме себеси затоа што ги ставивме интересите на нацијата над се друго. Има многу проекти, проекти кои ќе се реализираат преку кадарот што ќе победи на овие избори за градоначалници, кои ќе ја спроведат програмата со која ќе излезат и ќе им ветат на граѓаните. Сега излеговме со зелената агенда затоа што сметаме дека нормативниот дел од Охридскиот Договор е завршен, останува да се материјализираат прашањата, како што е законот за албанскиот јазик кој е официјален јазик, но има простор за негово унапредување и за тоа веќе се воспоставени релевантни институции и тие мора да бидат одговорни за имплементацијата на јазикот. Ние како легислатив ја завршивме нашата работа, органите задолжени за имплементација мора да ја завршат својата работа. Проценивме дека е потреба на времето, и кој друг би можел да го направи овој скок и да излезе со платформа толку модерна, колку и национална. Оваа агенда е агенда на животот, рече Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, им се заблагодари на жителите на Велес за гостопримството во голем број, докажувајќи ја нивната поддршка за зелената агенда. Тој нагласи дека самото присуство на врвот на ДУИ на средбата со жителите на Велес ја докажува поддршката за Албанците од овој регион и посветеноста за зајакнување на нивната позиција во процесот на одлучување на локално ниво, но и поддршката за листата на кандидати за советници и носителот на таа листа, Невзат Муареми.

-Ви посакувам да бидете што е можно пообединети и да го побарате гласот од сите. Не двоумете се да тропнете на вратата на бошњачката заедница, македонската заедница, ромската заедница и турската заедница, побарајте од сите што ги познавате да гласаат, затоа што понудата на ДУИ е најдобра. Кога ние сме носители на одлуки, одлучуваме добро не само за Албанците, одлучуваме добро за сите. Кога станавме одлучувачи, ја однесовме земјата во НАТО, кога станавме одлучувачи донесовме јазична еднаквост, кога станавме одлучувачи, сите победија од фактот дека ДУИ стана одлучувач кој ќе биде во централната власт, а кој во локалната власт. Затоа, јас сум убеден дека сите вие заедно, со сите оние што не се овде денес со нас, ќе гласате за Невзат и ќе испратите советник Албанец до Советот на општина Велес, со цел да ги води процесите за ваше добро. Ќе продолжиме многу повеќе да го факторизираме Албанецот во Велес, да се врати во корените, да гласа за Демократската Унија за Интеграција и да станеме покорисен за себе, рече Груби во својот говор.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи кампањата во Студеничане каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник, Ејуп Абази и листата на советници за оваа општина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com