12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

ДУИ го осуди говорот на омраза: Да не се повтори 27 април

Најчитани вести

На годишнината од немилите настани во Собранието на 27 април 2017 година, Демократската унија за интеграција (ДУИ) апелира до сите политички партии да се заложат дека 27 април повеќе нема да се повтори.

– ДУИ го осудува говорот на омраза што се слушна за време на протестот организиран во недела во одбрана на обвинетите и осудените лица за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РСМ. Појавувањето на менталитетот од пред 2001 година не е и личи на едно мултиетничко општество и држава како што е Република Северна Македонија бидејќи тоа го отежнува континуираното градење на доверба меѓу нашите народи. Една од учесничките на овој протест за време на нејзиниот говор пред присутните рече дека за неа е неприфатливо осудените од 27 април да останат зад решетки и како што истакна, терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт. Истата учесничка исто така рече дека луѓето кои го тероризираа Собранието на 27 април 2017 година се патриоти, родољубиви луѓе и дефинитивно не треба да се третираат исто како терористите од 2001 година – се вели во партиското соопштение.

ДУИ смета дека овие архаични и регресивни идеи треба да бидат осудени од сите учесници на протестот и истите да се дистанцираат за да не се идентификуваат со нив.

– Демократската Унија за Интеграција беше, е и ќе остане посветена на функционирањето на земјата како што и прилега на земја-членка на НАТО и земја која во блиска иднина има за цел да стане дел од Европската Унија – се вели во реакцијата на Демократска Унија за интеграција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com