9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

ДУИ ВО АРАЧИНОВО ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ АЛТЕРНАТИВА, а не кандидат на СДСМ

Најчитани вести

Во телевизиска дебата во ТВ21 меѓу кандидатите за градоначалници на ДУИ и опозициската коалиција, Алијанса за Албанците-Алтернатива, кандидатот на ДУИ Ридван Ибраими вети дека ако не оди во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот Наим Синани од редовите на Алијансата за Албанците.

Ибраими без дилеми дека нема да даде поддршка за Миликије Алими од редовите на СДСМ, партија со која ДУИ има договорена соработка на изборите.

Запрашан од водителот на емисијата дали ќе го подржи Наим Синани во вториот круг, Ибраими одговори со „сигурно да“, Синани исто така вети дека ако не оди тој во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот на ДУИ, Ибраими, објавуваат медиумите.

Инаку во Арачиново во трката за градоначалник учествуваат тројца кандидати: актуелната градоначалничка, Миликије Алими од СДСМ, како и Ридван Ибраими од ДУИ и Наим Синани од коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com