19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

ДУИ бара одложување на изборите до влез во НАТО

Најчитани вести

Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ, смета дека предвремените парламентарни избори не треба да се оддржат на договорениот термин на 12 април по секоја цена, туку, како што вели, треба да оддржат само откако македонскиот парламент ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО.

-За државата и за граѓаните најбитно е да се вее македонското знаме како знаме на 30-тата членка на НАТО – вели Бејта во изјава за Фокус.

Тоа, според него, би значело дека не треба да биде проблем доколку изборите се одложат за неколку месеци.

-Клучна е разврската во Шпанија, која треба да го ратификува протоколот пред тоа да го стори македонскиот парламент – објаснува тој.

Инаку, резултатите од вчерашните избори во Шпанија создаваат нова неизвесност околу формирање на нова влада, но сепак, потпретседателот на ДУИ посочува оти шпанскиот парламент може да ја заврши процедурата во однос на земјава и без да се формира владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com