8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ДУИ: Алијанса за Aлбанците стои зад насилството на демонстрантите

Најчитани вести

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока згрозеност од обидите на Алијансата за Албанците да ја скрие нејзината рака и преку протести да ја злоупотреби трагедијата на модуларната болница во Тетово што ја потресе целата земја, посочуваат од оваа партија.

– Вчерашниот насилен и навредлив протестен марш кон положбата на жената е уште еден доказ за оваа скриена намера. Јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените aлбанки на вчерашните протести дека носи печат на Села и Таравари се фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, вклучително и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами и не само, но и директните повици објавени на Фејсбук од страна на Арбен Зеќири, одговорно лице на Алијансата за медиумите, да учествуваат во протестите – стои во соопштението од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција цени дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажа дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие.

Од ДУИ изразуваат сочувство до семејствата и ги повикуваат сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за како што велат, површни предизборни политички придобивки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com