Home » Дуа Липа размислува да го премести „Sunny Hill“ од Приштина во Албанија

Дуа Липа размислува да го премести „Sunny Hill“ од Приштина во Албанија

by Журнал.мк

Светската поп-ѕвезда Дуа Липа пред неколку дена ја информираше јавноста дека фестивалот „Sunny Hill“ кој се одржува во Приштина се сели во Албанија. Причината е што организаторот, нејзиниот татко Дукаѓин Липа, не го добил земјиштети во Косово што го барал за овој фестивал.

Од фестивалот „Sunny Hill“ најавија дека ги откажуваат сите планови за организацијата во Приштина, бидејќи Владата на Косово се уште ја нема одобрено одлуката на општина Приштина од 10 мај за закуп на 17 хектари земја за фестивалот во Доња Брница.

ФЕСТИВАЛОТ „SUNNY HILL“ ГО СТАВА КОСОВО НА ПОСЕБНА МАПА И ПРЕТСТАВУВА ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА НАШАТА ЗЕМЈА. НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА СЕ БОРЕШЕ ДА ГО ЗАДРЖИМЕ ВО ПРИШТИНА, А НАШАТА МЛАДИНА ТОА ГО ОЧЕКУВА И ЗАСЛУЖУВА. МОРА ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ФЕСТИВАЛОТ ДА СЕ ВРАТИ ТАМУ КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО. – ИЗЈАВИ ДИОНИЕТА МИФТАРИ, СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ОСМАНИ.

На крајот, сепак, беше одлучено фестивалот да се одржи во Приштина од 4 до 7 август.

Она што денеска го соопштија од Министерството е дека ќе продолжат преговорите за прашањето за користење на земјиштето на подолг период. Дукаѓин Липа бараше да добие 17 хектари земјиште во главниот град на Косово цели 99 години.

За потсетување, овој најголем музички фестивал во Косово е основан во 2018 година од Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин. Приштина беше домаќин на некои од најголемите светски музички имиња, вклучувајќи ги Мајли Сајрус, Дуа Липа, Калвин Харис, Мартин Гарикс, Акшн Бронсон и десетици други уметници.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More