Без оглед на тоа дали ја следите светската модна сцена или само површно „фрлате око“ на модните комбинации на трендсетерките на Инстаграм, во последните неколку години сигурно наидувате на парчињата на францускиот бренд „Jacquemus“.
Зад брендот стои 32-годишниот дизајнер Симон Порт Жакемус кој за кратко време стана миленик на љубителките на модата.
Симон викендов стапил во брак со својот долгогодишен партнер Марко Маестри на церемонија која се одржала во францускиот град Шарлевал, а на венчавката присуствувале бројни славни клиентки на Симон помеѓу кои била и Дуа Липа.

Убавата пејачка се појавила на церемонијата во долг бел фустан од провиден материјал со висок шлиц и гол грб, а изданието го надополнила со црна чанта од брендот „Jacquemus“ и беж сандали со висока потпетица.

Но, ова не била венчавка на која некој би ѝ замерил поради носењето бел фустан поради тоа што дрес-кодот дозволувал носење на оваа боја, па така повеќето гостинки се одлучиле токму на овој потег.
Мајката на Марко носела елегантен бел фустан со потпис на својот зет, а и бабата на Симон се одлучила за фустан во оваа боја.


Во продолжение, погледнете ги останатите изданија на славните дами кои присуствувале на венчавката:






