Средношколци од машинската струка при средното училиште „Никола Карев“ од Струмица еднаш неделно заминуваат во фирма на практична настава. Тие се дел од дуалното образование со кое преку работа во компанија директно се запознаваат со производствениот процес.
Менторите од фирмата каде учениците одат на пракса директно ги едуцираат со сите можни операции при што доаѓаат и до потенцијален стручен кадар.
Дуалното образование носи огромни предности смета професорот Митко Ружинов. Според него во училиштето има работилници но сосема друго е кога децата одат во компании.
СОУ „Никола Карев“ во новата учебна година има предвидено шест образовни профили како дел од дуалното образование и веќе имаат потпишано договори со струмички компании каде учениците ќе изведуваат практична настава.