Home » ДС: Тежок криминал е случајот со спојувањето на рударските концесии

ДС: Тежок криминал е случајот со спојувањето на рударските концесии

by Журнал.мк

Демократскиот сојуз смета дека спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е тежок криминал и за тоа мора да се понесе одговорност, но како што заклучува партијата, цената ќе ја платат граѓаните.

„Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година.

Дилемата е дали министрите од СДСМ биле изманипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават.

Како и да е, одлуката е во корист на инвеститорот, но поради отпорот на жителите од Иловица и пошироко, СДСМ ретерира и се обидува да се извлече од овој скандал и криминал.

По седум години на власт, да не се направи ништо за поништување на концесијата, тука да се развлекува и на крај да се спојат концесиите, само ја потврдува констатацијата дека Владата е во ‘лимбо’ и без кормилар.

Инаку, крајот на овој скандал ке го платат граѓаните или со здравјето или со парите кои тешко ги заработуваат“, наведува Демократскиот сојуз.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More