Home » ДС: „Политика на коленичење носи нови проблеми“

ДС: „Политика на коленичење носи нови проблеми“

by Журнал.мк

Нема поддршка за уставни измени, ако сакате модерна и европска Македонија, излезете на избори. Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, на прес-конференција постави барања до претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како услови под кои би било реално да се размисли за отворање на уставот. Бугарија да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во таа земја, да се даде гаранција дека билатералните прашања не можат да бидат причина за блокада и македонскиот јазик да биде официјален во ЕУ по приемот на земјата.

„Тие тврдат дека македонскиот јазик ќе биде службен, официјален, без точки, запирки. Ако е така, како што го кажуваат тоа во преговарачката рамка за Албанија, дека албанскиот јазик ќе биде службен по приемот, нека го кажат и за Македонија. Меѓутоа, тука има два клучни проблеми, бидејќи Бугарија е против и второ затоа што нашите дипломати барале два официјални службени јазици“, изјави Павле Трајанов – претседател на Демократски Сојуз.

Политика на коленичење не дава резултати, ќе имаме и натаму проблеми, вели Трајанов, затоа тој смета дека не смее да се дозволи Бугарија да ја пишува историјата по свое.

„Ако се прифати во учебниците во основно училиште да стои ставот на Бугарија дека Охридска Архиепископија е бугарска, потоа воопшто не е важно што ќе пишува Македонија, дека тоа е македонска. Тука е проблемот, бидејќи во суштина тие го сечат историскиот континуитет на постоењето на македонскиот народ“, додаде Павле Трајанов – претседател на Демократски Сојуз.

Ваквото попуштање на Бугарија, за Трајанов значи сечење на корените на македонскиот народ и македонската држава во суштина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More