Home » Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка

by Журнал.мк

Од лични и здравствени причини, како што се наведува во оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана.

Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

„Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа почнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување“, велат од Министерството за обрзана.

Министерството му се заблагодарува на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk