37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Државниот архив одбележува 70 години постоење

Најчитани вести

Со свечена академија во Музејот на македонската борба Државниот архив денеска ќе ја одбележи 70-годишнината од постоењето. На настанот свое обраќање ќе имаат покровителот на јубилејот, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, додека со видео порака ќе се обрати Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на Националниот архив на Австралија.

Присутните ќе може да се запознаат со изложба и со три нови изданија, кои треба да го прикажат историјатот на Архивот и документарното богатство што го поседува. По повод јубилејот ќе биде промовирана монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“ во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив, низ најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“. По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на Град Скопје.

Оваа година Државниот архив одбележува 70 години постоење oткако во 1951 година Народното собрание на НР Македонија го усвоило Законот за државните архиви со кој било поставено создавањето на тогашниот Државен архив на НР Македонија. Низ седумте декади, Архивот се градеше како еден од столбовите на македонската државност и ризница на колективната меморија.

Денеска Државниот архив се стреми да биде современа институција која го промовира културно-историското наследство на државата во меѓународни рамки, истовремено настојува да го фати чекорот на глобалната модернизација во функционирањето на светските архиви.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести