4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Државна матура ќе се полага на 27-ми мај и 10-ти јуни

Најчитани вести

Матурантите ќе полагаат државна матура на 27-ми мај и 10-ти јуни, во рамки на јунската испитна сесија.

Според објавата од Државниот испитен центар (ДИЦ), на 27-ми мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10-ти јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Согласно календарот за организација на оваа учебна година, интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:
– во јунскиот испитен рок во периодот од од 13-30 јуни 2023 година и
– во августовскиот испитен рок во периодот од 15-18 август 2023 година.

Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско образование, средно стручно образование и уметничко образование се реализира во периодот од 10-ти март до 12 мај 2023 година и од 18-ти до 24 август 2023 година.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека наставната програма целосно ќе се реализира и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.

Најнови вести