1 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Државата ќе му ги плати адвокатите на Груевски – потсетување на бомбата за случајот

Најчитани вести

Држвата ќе му ги плати адвокатите на експремиерот Никола Груевски кои беа ангажирани во предметот „Траекторија“, а во кој му застаре делото. Според Законот за кривичната постапка, кога ќе се запре кривичната постапка, кога ќе се донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението, издатоците на обвинетиот, како и наградата на неговиот бранител, паѓаат на товар на Буџетот, објави А1он.

Првото судење за предметот се одржа на шести декември 2017 година, што значи дека предметот се суди една година и 10 месеца. Судијата Горан Бошевски закажуваше во просек по две рочишта месечно, а судењата траеја по неколку часа.

За Груевски беше поднесен обвинителен предлог за кривично дело примање награда за противзаконско влијание. Судењето ќе продолжи за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци 0 Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од 155 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести