Инфлацијата се намалува, но стандардот кај граѓаните се влошува. Место да паѓаат, цените на овошјето и зеленчукот одат нагоре, на основните производи исто. Тешко се преживува месецот. Платата не стига, се штеди на се, се жалат граѓаните.
Од власта пак оптимисти. Трошоците за живот велат дека се намалуваат. Но, ако има потреба, од септември или октомври граѓаните и стопанството ќе се помагаат со нов пакет мерки.
Во понеделник најверојатно ќе излезат новите бројки за инфлацијата. Согласно прелиминарните податоци што како Министерство за економија ги поседуваме ќе има дополнително намалување на инфлацијата за јули.
Како Министерство за економија заедно со другите институции и со стопанските комори и Организацијата за потрошувачи работиме на нови мерки кои, ако има потреба, ќе се стават во функција од септември или пак од почетокот на октомври, изјави Бектеши по денешната прес-конференција.
Според официјалните бројки на Евростат, инфлацијата во еврозоната се намалува. Во јули изнесува 5,3 отсто, поради падот на цените на енегенсите.
Кај нас пак, цените на горивата растат. За еден месец дизелот поскапел за скоро 10 денари, а бензините за 5,5. Инаку од земјите од регионот, најниска инфалција има Косово, а највисока Србија, над 13.
Според проценките на Евростат пред нив е Македонија, со инфлација во јули под 10 отсто.