Home » Драма на пат кон Астана: Авионот на Динамо Загреб исчезнал од радарот!

Драма на пат кон Астана: Авионот на Динамо Загреб исчезнал од радарот!

by Lina Muslija

Фудбалерите на Динамо Загреб имале чуден и по малку непријатен лет кон Казахстан на реванш натпреварот од 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ) против Астана, откако нивниот авион во еден момент станал невидлив за радарските служби.

„Модрите“ полетале од аеродромот во Загреб и летале над Србија и Бугарија, но кога биле некаде над Црното Море, едноставно исчезнале од радарот. Паника, сепак, немало бидејќи причина за исчезнувањето е фактот што летале над Украина, каде што е воена состојба и каде што не било можно да се видат на радарот. Тие по повеќе од еден час повторно се појавиле на радарот во Грузија, за на крај по пет ипол часа лет стигнаа на крајната дестинација во Астана.

Динамо Загреб е на чекор до третата квалификациска пречка од ЛШ, со оглед што на првиот меч го победи казахстанскиот ривал со убедливи 4-0.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More