Home » Драма на балканското небо – ненајавен авион „Бичкрафт“ надлетал 4 држави

Драма на балканското небо – ненајавен авион „Бичкрафт“ надлетал 4 држави

by Журнал.мк

Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица синоќа без дозвола прелетал над воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија, соопшти романското Министерство за одбрана.

– Пилотот не реагирал на радио повиците и визуелните сигнали на воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила – се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана, пренесува Тас.

Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен вчера околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го придружуваа леталото во унгарскиот воздушен простор. На авионот околу 19 часот му биле потребни околу две минути да прелета низ воздушниот простор на Србија и потоа да влезе во воздушниот простор на Бугарија.

Бугарските власти работат на терен и ја испитуваат последната позната позиција на авионот за да го идентификуваат и да откријат дополнителни детали – се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.
Романското Министерство за одбрана соопшти дека авионот што го прелетал романскиот воздушен простор на рутата која ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин не покажувал знаци на непријателство или опасно однесување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk