21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Драма: Ди Мариа бил заменет против Нант зашто неговото семејство било – киднапирано

Најчитани вести

Тие што го гледаа преносот од синоќешната пресметка помеѓу ПСЖ и Нант (1-2) веднаш знаеја дека нешто не е во ред, според начинот на кој тренерот Маурицио Покетино одеднаш го извади Анхел Ди Мариа од игра и со него замина во соблекувалната, што никако не е нешто што традиционално се прави.

На сето ова му претходеше константен телефонски разговор на спортскиот директор на „светците“, Леонардо, кој потоа го повика тренерот за да му каже да го замени аргентинскиот интернационалец. Причина за сето ова е драмата која во тие моменти се одвивала во домот на Ди Мариа, каде што влегле крадци и каде што во еден момент дошло до заложничка драма поврзана со неговото семејство.

Засега нема детали што всушност се случувало таму и со каков епилог, но познато е дека за време на дуелот со Нант жртва на дрска кражба бил и уште еден фудбалер на ПСЖ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести