33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

ДРАМА ВО ТЕТОВО: Снаата го претепала свекорот!

Најчитани вести

Тетовската полиција евидентира случај пријавен од Тетовската болница при што 74-годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител. Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.

-Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција бележи уште една пријава за физички напад. Вчера 46-годишник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на улица „107“ од Н.С.(19) и Р.Т.(22), двајцата од Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести