18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Драма во Египет: Се запали авион со 196 патници и членови на екипажот

Најчитани вести

Авионот “Boeing 737-800” со 196 патници и членови на екипажот се запали пет минути по слетувањето на аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Патничкиот авион се наоѓал на аеродромот кога избил пожар на левата страна од леталото, а се било забележано од камерите.

Според веб-страницата на авио-компанијата Airlive.net, од авионот течела хидраулична течност која капела на жешките сопирачки на леталото, што довело во пожар.

Итните служби веднаш го изгасиле пламенот, а патниците и екипажот безбедно излегле од леталото.

Според сајтот за следење на летови, Flight Radar 24, ова летало старо 15 години од неодамна влегло повторно во функција.

Според податоците на Flight Global, во авионот имало 189 патници и 7 членови на екипажот.

Портпаролот на египетското министерство на цивилното воздухопловство вели дека пожарот можел да прерасне во вистинска катастрофа.

Според министерството, огнот би се проширил на другите делови од авионот, ако персоналот не постапел крајно професионално.
Во несреќата никој не е повреден.

Најнови вести