Билетите за турнејата на легендарниот американски музичар Брус Спрингстин моментално чинат меѓу 4.000 и 5.000 долари, според специјализираниот софтвер за проценка на вредноста на билетите, што предизвика гнев кај неговите обожаватели, пренесуваат американските медиуми.
Како што пренесува „CNN“, на услугата „Тикетмастер“ цените на одредени билети изнесуваат од четири до пет илјади долари.
Турнејата на Спрингстин треба да започне во февруари следната година. Првиот концерт ќе се одржи во Амали Арената во Тампа, Флорида.
Си-Ен-Ен побарал коментар до тимот на Спрингстин, но тие допрва треба да се огласат. Треба да се напомене дека билетите за најоддалечените места од сцената чинат приближно 60. долари, но многумина тврдат дека биле пуштени само неколку билети за овие места.