5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

До темел изгоре кафана во Ѓорче Петров

Најчитани вести

До темел вчера изгоре кафаната „Камин Кама“ во скопската општина Ѓорче Петров. Веста за ова брзо беше споделена на социјалните мрежи.

-Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот „Камин Кама“ во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, објави Фејсбук страната „Ѓорче Петров“.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета. Според првичните проценки штетата е огромна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести