5.8 C
Skopje
Wednesday, October 27, 2021

До среда пресуда за „ТНТ“ или судењето ќе мора да стартува од почеток

Најчитани вести

Судскиот совет потврдува дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев денеска доставил барање за продолжување на мандатот на поротничката во случајот „ТНТ“, на која и истекува 4-годишниот мандат, а не може да биде избрана повторно поради наполнети 60-години, бидејќи во спротивно судењето ќе треба да стартува од почеток.

Во соопштението на советот се вели дека во среда ќе констатираат престанок на мандатот на поротничката, што значи дека Кривичниот суд има рок од два дена да донесе пресуда за рушењето на објектот Космос или судењето ќе почне од почеток.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија поради зголемениот интерес на јавноста во врска со истекот на мандатот на двајца судии поротници во предметот „ТНТ кој се води пред Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста за следното:

-Денес во 11,02 часот од страна на претседателот на Основен кривичен суд Скопје е доставен допис со кој бара на судиите поротници да им биде продолжен мандатот од аспект на исклучителниот јавен интерес а во правец на обезбедување на владеење на правото, но доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот да отпочне постапка за престанок на функцијата судија поротник.

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите е предвидено дека на судија поротник му престанува функцијата со навршување на 60 години старост.

Согласно член 53 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија е предвидено дека Советот престанокот со решение го констатира на првата наредна седниц.

Судскиот совет одржа работен состанок и имајќи ги предвид наведените законски одредби донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница“, се вели во соопштението на Судски совет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com