Home » До синоќа предадени над 32.000 парчиња оружје и мини-експлозивни направи

До синоќа предадени над 32.000 парчиња оружје и мини-експлозивни направи

by Журнал.мк

Државниот секретар во МУП, Данило Стевандиќ денеска изјави дека до синоќа се предадени 32.427 оружје и мини-експлозивни направи и посочи дека во Србија во моментов нема големи безбедносни предизвици.

Тој рече дека од 8 мај, кога започна акцијата за предавање на нелегално оружје кај граѓани, до синоќа во 19 часот биле 26.094 парчиња оружје и 6.333 мини и експлозивни направи, како и 1.349.719 куршуми од различен калибар.

„Тоа зборува за личната одговорност на граѓаните. Сакам да апелирам до граѓаните тоа да го прават секој ден во најблиската полициска станица. Полицијата може да дојде и на домашна адреса и да го собере оружјето“, изјави Стевандиќ за РТС.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk