26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

До каде е одговорноста на Врховните судии? Киро Здравев, и претседател на Совет и под истрага

Најчитани вести

Поминаа две години од бегството на двајцата осомничени Горан Грујевски и Никола Бошковски, а сѐ уште никој не презема одговорност за тоа. Откако Апелациониот суд ја потврди мерката притвор, задоцнетата, а можеби и непотребна одлука на врховните судии, им овозможи на осомничените да ја напуштат државата.

Дел од Советот на Врховниот суд беа судиите Јово Вангеловски, Васил Грчев, Киро Здравев, Фаик Аслани и Џемали Саити. Сите тие треба да понесат одговорност за незаконската работа, вели Тодоровски од „Зелена лупа“.

Не се знае кој судија како гласал, но против нив во Судскиот совет има истражна постапка за одговорност, која веќе две години нема разрешница. Претседател на Судскиот совет е Киро Здравев, против кој е покрената постапка. Тој не сакаше да говори пред камера, туку само преку телефон ни рече дека не ги знае причините за одолговлекувањето  на целата постапка.

Киро Здравев: Постапката е во тек и очекувам завршница после толку време. Би сакал да се заврши овој месец, но ќе видиме сѐ зависи од Комисијата и од присуството на судиите против кои што се води постапката.

ТВ21: Колку судии се?

Киро Здравев: Сега не влечете ме за јазик. Не можам тоа да ви го кажам!

ТВ21: Добро, но како го коментирате фактот што еден од судиите сте Вие, а од друга страна сте и претседател на Судскиот совет?

Киро Здравев: Независно кој е, сите се одговорни пред законот доколку сториле некој прекршок, независно дали е судија, претседател или член. Претходно треба да се утврдуваат факти.

Токму Судскиот совет го разреши првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, а истата судбина можат да ја имаат и други четворица врховни судии, доколку се утврди непрофесионално работење, кое е предмет на истрага во Советот. Екс-директорот на Петтата управа, Горан Грујовски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, повеќе од две години се во бегство, додека според предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ пред закон треба да одговараат за прислушување на над 20 илјади граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести