0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

ДО ДЕКЕМВРИ НЕМА РАЗГОВОРИ СО БУГАРИЈА, според Бучковски

Најчитани вести

Според Владо Бучковски кој владата го назначи за специјален претставник со Бугарија не може да се очекува брзо решение на проблемот со Софија.

Тој додава дека треба да бидеме подготвени за бугарските црвени линии.

– Идната бугарска влада сепак ќе биде под голем притисок од ЕУ и САД, вели специјалниот претставник во преговорите со Бугарија. Очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада. Тоа значи дека во ноември ќе има и претседателски избори кои се редовни и овие трети избори кои се повторени. Тоа значи дека до крајот на ноември, почетокот на декември, ќе немаме од другата страна соговорник. Така што ќе мора да чекаме до декември – вели Бучковски за Гласот на Америка.

Бучковски не очекува промена на односот кон прашањето и на новата бугарска влада, а познатите црвени линии од бугарска страна вели остануваат, наше е да се прилагодиме на тоа, но и да ја почитуваме декларацијата која е донесена од Собранието на предлог на опозицијата.

– Изгледа дека е тешко, но не е невозможно ако има јасно изразена волја од двете страни. Ако досега ги прифатевме барањата од бугарската страна, ќе имавме решение. Затоа мислам дека е чекор напред нашата декларација со која конечно ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност да ги подржи напорите што ги прави македонската влада, македонскиот претседател, во изнаоѓање на заедничко прифатливо решение, при што ќе се внимава на евентуалното загрозување на нашиот идентитет – вели Бучковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com