Реал Мадрид го доведе Еден Азар летото 2019 година како големо засилување од Челси за 115 милиони евра.
„Кралевите“ очекуваа Азар да биде замената за Кристијано Роналдо или да има успех во белиот дрес барем близу до Португалецот. Азар стана најскапиот играч во историјата на Реал, поскап дури од Роналдо и Бејл. Секако дека во клубот очекуваа токму тој да биде играчот кој ќе го повлече тимот во најтешките и најважни натпревари.
Место тоа, Азар се покажа како целосно промашување, веројатно и најголемото во историјата на Реал. Поради честите повреди и неспремноста во скоро четири години одигра само 73 натпревари, а посебно поразителна е неговата статистика против Барселона.
Вчера беше одиграно 10-тото „Ел Класико“ од кога е Азар во клубот, а Белгиецот и 10-ти пат не одигра ниту минута. Азар поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви и така прослави неславен јубилеј.
Во кариерата Азар двапати играше против Барселона, но и во двете ситуации беше играч на Челси.