Home » Дојде време Fiat Doblo да вози на струја

Дојде време Fiat Doblo да вози на струја

by Журнал.мк

За Fiat Doblo не е претерано да се каже дека го движи светот. Заедно со останатите модели со исти способност и иста намена. Многу бизниси зависат од тоа што ќе го извози Doblo. Во меѓувреме, Торино најавува нова генерација на моделот, заедно со E-Doblo.

На светот му е сосем јасно што е Doblo. Fiat најавувајќи ја петтата генерација на доставниот модел, нé потсетува дека Doblo е приспособлив, просторен, многустран и погоден за секоја потреба. Новиот модел дополнува со иновативни и мудри решенија, со цел да се подобри секојдневното користење.

Патничката изведба ќе се нуди само во електрична изведба, додека товарната изведба ќе биде достапна и со класичен погон. Новото E-Doblò е трет целосно електричен модел на Fiat и Fiat Professional. До 2024 година, Италијанците ќе нудат електрична изведба од секој свој модел што ќе биде достапен во Европа. По 2027 година, нов модел со друг погон освен електричен, нема да се произведува под логото на Fiat.

Fiat E-Doblo е трет електричен модел во патничката програма, по Fiat New 500 и E-Ulysse, но и трет електричен модел во доставната програма, по E-Ducato и E-Scudo

Товарната изведба се нуди во две должини и три различни каросериски варијанти, односно како Van, Crew Cab и Combi. Италијанскиот модел е идентичен со Peugeot Partner/Rifter, Opel Combo, Toyota ProAce City и секако Citroen Berlingo. При развојот на возилото посебно се внимаваше на звучната изолација и на комфорната амортизација.

New item by Automedia MK / Google Photos

Посебност е Magic Cargo, што дозволува товарниот простор да се зголеми за 0,5 метар кубен, како и можност за товарење предмети долги до 3,4 метри, на пример скали или цевки. Совозачкото седиште може да се подигне и просторот оздола да се користи за сместување чувствителни предмети. Постои и преклоплива масичка, за Doblo да се претвори во канцеларија на тркала.

Дигитален ретровизор за значително подобрена прегледност во сите услови

Уште една новина е Magic Mirror, односно дигитален дисплеј од 5 инчи на местото на внатрешниот ретровизор, со сите предности на овој изум. Третата карактеристика е Magic Plug, достапна само кај E-Doblò, што овозможува батеријата да се користи за напојување потрошувачи во товарниот простор, на пример, ладилник или работна маса за електрични уреди.

New item by Automedia MK / Google Photos

E-Doblò нуди врвна носивост од 800 килограми и простор за 2 европалети. Останатите погонски верзии носат до 1 тон. Изведбата со продолжено меѓуоскино растојоание располага со товарен простор до 4,4 m3 со Magic Cargo.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од класичните погони, понудени се 1,5-литарски дизел со 100 КС или со 130 КС, со тоа што посилната изведба може да се нарача со 8-степен автоматик, како и турбо-бензинец од 1,2-литар со 110 КС.

Електричниот модел располага со електромотор со моќност од 100 kW и со батерија од 50 kWh постигнува досег до 280 километри. При користење брз полнач, наполнетост од 80% се постигнува за 30 минути.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk