30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Доха ги фарба улиците во сина боја, а причината ќе ги натера и останатите градови ширум светот да го направат истото

Најчитани вести

Градската управа на главниот град на Катар, Доха, започнала да ги фарба градските улици во сина боја, во рамки на пилот проектот за борба против екстремните жештини.

“Температурата на темниот асфалт е за 20 Целзиусови степени повисока од реалната температура, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина”, изјавил градскиот инженер на Доха, Сад ел Досери, пренесува катарскиот весник “Раја”.

Според неговите зборови, фарбањето на асфалтот ќе помогне да се намали температурата за 15-20 Целзиусови степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.

Моментално патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на зелена површина може да порасне и до 50-тиот Целзиусов степен./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести