-3 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Доста е – Македонските лекари повикуваат на протест.

Најчитани вести

Среда, 18.09.2019 во 11 часот, лекарите од Македонија ќе протестираат под мотото „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници“. Поглед МК ви го пренесува во целост соопштението на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ кои стојат зад овие протести.

Почитувани колеги и колешки, Ве повикуваме на обединет протестен собир на сите здравствени работници, да кажеме ДОСТА Е! Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови!

Времето на неделување помина, време е државата да превземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем!

Бараме:

1. Итно донесување на закон за докторска дејност 2. Законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец!

3. Итно и сериозно организирање на служби за обезбедување во секој државен здравствен објект.

4. Вклучување на АСМЛ и младата лекарска популација во планирањето и организирањето на здравствените политики, како реален чинител и репрезент.

5. Механизам за детекција и елиминација на негативните појави и поединци кај медицинскиот кадар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести