15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Досега 14 лица од протестот за „Монструм“ се повикани во полиција

Најчитани вести

Досега 14 лица што учествуваа на протестот за „Монструм“ се повикани во полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека ќе има пријави за организаторите поради непочитување на мерките, но и за лицата што учествуваа во инцидентите, односно во оштетувањето на зградата на МНР, на полициските возила и во нападите на полицајци.

-Протестите се демократски чин да се изрази некакво незадоволство од тоа што се случува во општеството. Меѓутоа, протестите не смеат да бидат нарушување на законите. Точно е дека е поднесена пријава против организаторот, затоа што пред сè не се придржувале до мерките, меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите што извршиле оштетување на имотот на државата. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. Ние работевме во единицата за насилен криминал и во текот вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имотот на државата, рече Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести