Home » Досега се создадени само пет примероци од Pagani Huayra Codalunga, но откако новите фотографии од ова совршенство ја видоа светлината на денот, италијанскиот виртуоз несомнено може да смета на уште неколку нарачки…

Досега се создадени само пет примероци од Pagani Huayra Codalunga, но откако новите фотографии од ова совршенство ја видоа светлината на денот, италијанскиот виртуоз несомнено може да смета на уште неколку нарачки…

by Журнал.мк

Досега се создадени само пет примероци од Pagani Huayra Codalunga, но откако новите фотографии од ова совршенство ја видоа светлината на денот, италијанскиот виртуоз несомнено може да смета на уште неколку нарачки…

Pagani одлучи да ја произведе Condalunga откако двајца клиенти на брендот побараа верзија со долга опашка од серијата Huayra.

За дизајнот на овој автомобил беше лично задолжен одделот за градење кочии на марката, Grandi Complicazioni, додека оној што го гледате во галеријата е вториот од петте единици.

На прв поглед, можеби е погрешно да се мисли дека оваа Codalunga е обоена во истата нијанса што беше користена при оригиналното лансирање на моделот Huayra во 2011 година, меѓутоа, целата надворешност на овој италијански супер автомобил е всушност покриена со јаглеродни влакна. Дополнително, моделот е поставен на сребрени тркала и има сопирачки клешти во розово златна боја, речиси целосно одговарајќи на надворешните тонови од карбонски влакна.

Во меѓувреме, задниот дел е местото каде што моделите Huayra Codalunga навистина се истакнуваат благодарение на трите одлични линии на изложени јаглеродни влакна, кои се протегаат низ хаубата и задните панели.

Потоа, тука е внатрешноста, во која Pagani, како и секогаш, вложи максимален труд за да го создаде најпрефинето нешто на планетата.

Поголемиот дел од патничката кабина, вклучувајќи ги и големите сегменти на контролната табла, тунелот за пренос, панелите на вратите, воланот и седиштата, покриени со кафена кожа.

Другите акценти што може да се забележат низ внатрешноста, вклучувајќи ја и централната контролна табла, се направени од полиран алуминиум, додека мат карбонските делови се одговорни за дополнително акцентирање на целиот дизајн, при што рачката на менувачот ја претставува нејзината централна точка.

Моделот Codalunga е за околу 360 милиметри подолг од стандардното издание на Huayra и е придвижуван од познатата дво (twin)-турбо со шест литарска AMG V12 единица, добра за 840 КС и 1.100 Nm вртежен момент.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk