-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Досега попишани околу 1,55 милиони лица, на избирачкиот список има 1.824.864 гласачи

Најчитани вести

Заклучно до вчера попишани се вкупно 1.540.301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197.033 граѓани од дијаспората. На локалните избори, по затворањето на избоирачкиот списот, ќе гласаат 1.824.864 граѓани со право на гласа, а тоа значи постари од 18 години.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат. Апел упати и премиерот Зоран Заев, кој вчера заедно со семејството беше попишан во својот дом во Струмица.

„По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните. За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас“, апелира Заев.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com