30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Досега непознат вид метеорит пронајден во Велика Британија (ВИДЕО)

Најчитани вести

Парчиња метеорит се пронајдени во округот Глостершир во Англија, а научниците се особено возбудени затоа што станува збор за редок вид вселенски камења.

Се работи за т.н. јаглероден хондрит – материјал кој содржи непроменета хемиска структура, уште од создавањето на Сончевиот Систем пред 4,6 милијарди години, како што пишува The Guardian.

Примерок со тежина од околу 300 грама и другите парчиња биле лоцирани откако научниците ја реконструирале траекторијата на метеорот што го проби звучниот ѕид во неделата на 28 февруари.

Научниците од Природонаучниот музеј во Лондон потврдија дека црно парче карпа со јаглероден хондрит, што никогаш порано не е видено во Велика Британија, паднало близу градот Виком.

Ешли Грин, научник од музејот, изјави дека е една од првите луѓе што го виделе и проучувале овој многу редок метеорит што го нашле веднаш по падот на метеоритот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести