Борусија Дортмунд сака да реализира уште некој трансфер до крајот на летниот преоден рок, а фокусот е ставен на членот на РБ Лајпциг, Јусуф Поулсен.
„Милионерите“ сакаат да ја засилат напаѓачката линија, поточно Себастијан Але да има вистинска алтернатива со оглед на тоа што Мукоко, Адејеми и Мален не се класични напаѓачи.
Изборот паднал врз Поулсен од 2013 година настапува за „биковите“, тој е рекордер по бројот на одиграни мечеви за овој клуб, но наводно е спремен за нов предизвик, односно да го прифати повикот од „Сигнал Идуна Парк“.
Сега останува на клубовите да се разберат што може да биде проблем затоа што Лајпциг има кратко време да најде соодветна замена, ама Данецот е во последната година од договорот што значи може да се најде компромис за да сите страни бидат задоволни.