-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Дортмунд замената за Халанд ја пронајде во Серија А

Најчитани вести

Борусија Дортмунд ова лето успеа да го задржи во своите редови Ерлинг Халанд, но Норвежанецот најверојатно ја игра последната сезона за „милионерите“.

Имено, Халанд на лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, а неколку европските гиганти се спремни да ја платат таа сума.

Раководството на Борусија Дортмунд веќе започна да ја бара замената за Норвежанецот, а прва желба е ѕвездата на Јувентус, Енрико Киеза.

23 годишниот Киеза одигра одлична сезона и блескаше на Европското првенство, па Јувентус ова лето одби богати понуди за него.

Сепак, Дортмунд не се откажува од намерата да го донесе Киеза и спрема богата понуда за Италијанецот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com