17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

„Допирот на зборот“ нова книга од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ

Најчитани вести

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје деновиве излезе од печат книгата „Допирот на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ.

На страниците од своето ново дело авторката застапува текстови, во кои низ примери говори за книжевното и филозовско величие на зборот, а посебен ацент става на песната „Зборот“ од Блаже Конески. Во вториот дел на изданието застапува избор на стихови од македонските поети Ацо Шопов, Анте Поповски, Раде Силјан, Ефтим Клетников и др.

Вера Стојчевска Антиќ е автор на богат научен и публицистички опус. Нејзините книги „Од средновековната книжевност“, „Локални хагиографии во Македонија“, „Низ страниците на јужнословенските книжевности“, „Средновековните текстови и фолклорот“, „Богомилството во средновековната граѓа (во коавторство со Драгољуб Драгојловиќ“ и „Тиквешки зборни“ (заедно со Блаже Конески“ и „Средновековни романи и раскази“ заземаат посебно место во македонската наука.

Добитник е на наградите „13 Ноември“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“ и „Свети Клемент Охридски“ за животно дело од областа на науката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести