14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Донесена првата пресуда за минатогодишниот упад во Конгресот на САД

Најчитани вести

Гај Рефит од Тексас е првиот осуден од осомничените за масовните немири во Вашингтон од 6 јануари минатата година што резултираа со упад на приврзаници на Доналд Трамп во административната зграда на Капитол хил.

Рефит е прогласен виновен по сите пет точки од обвинението, што меѓу другото го товари за внесување огнено оружје во Капитол хил, како и за попречување на официјалната процедура на прогласување на Џозеф Бајден за победник на претседателските избори.

Оваа пресуда се смета за мошне важна победа на Федералното обвинителство. Американското Министерство за правда настојува да казни стотици обвинети за учество во нападот на седиштето на американскиот Конгрес кои ја одбија понудата да се спогодат со Обвинителството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com