14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Донев: Доаѓа нова иднина во Демир Капија, ќе покажеме дека не сме сите исти

Најчитани вести

Андон Донев, кандидат за градоначалник на Демир Капија на вечерашниот митинг рече дека програмата која е подготвена нуди нова иднина.

Ова не е обична програма, туку програма со визија за Демир Капија, со неа ќе го вратиме сјајот на нашата општина – рече Донев претставувајќи како што рече дел од визионерската програма.

Меѓу десетте топ проекти е надградба на водоводните системи во село Битринци, Дрен и др, изградба на фекална канализација во село Прждево и село Дрен, покривање на градскиот пазар во Демир Капија, уредување на крајбрежјето на река Бошава со нови содржини со печачки патеки, асфалтирање на улици, изградба на мала спортска сала за поттикнување и развивање на спортскиот дух во руралните средини Горешница и Бистринци, доизградба на детската градинка , уредување на просторот кај автобуската станица.

Ќе работиме чесно и вредно, ќе работиме за унапредување на воспитно образовниот процес, ќе работиме за поддршка на спортот во општината, за инвестициски проекти од областа на патната мрежа и транспортот, ќе го поддржиме земјоделието на нашата општина, за развој на алтернативниот пред се рурален туризам. Особено внимание ќе посветиме на младите за нивната иднина и да бидат дел од нашата Демир Капија – кажа Донев.

Тој посочи дека од првиот ден општината ќе биде отворена, трошоците ќе бидат рационални, и дека ќе се работи чесно и вредно.

Ќе покажеме дека не сме сите исти. Сите заедно да излеземе и почнеме со создавање на новата иднина. 17 октомври е денот кога ќе ја прославиме најголемата победа – кажа Донев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com