14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Донација од јапонската амбасада за Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Најчитани вести

Донација од Јапонската амбасада во вредност од 1.316.190 денари доби денеска Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас. Донацијата се состои од четири апарати што ја помагаат рехабилитацијата на деца и возрасни со различни попречености.

Јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада на потпишувањето на грант договорот, истакна дека со овој грант им се помага на децата со аутизам, но и на возрасните со невролошки и мускулно-скелетни нарушувања.

„Во рамките на иницијативата за Западен Балкан, Јапонија е силно посветена да ја подржи Северна Македонија во социјалниот и економскиот развој што е многу важно за интеграцијата во ЕУ. Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност е еден од столбовите на нашата стратегија за соработка. Поддржуваме проекти во секторот здравство, образование и животна средина во Северна Македонија. Со ова, јапонската поддршка само за оваа година ќе изнесува 825 илјади евра или вкупно 8,5 милини евра за 171 проект од 1996 година. Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ и да му обезбеди подобри услови“, рече Савада.

Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска се заблагодари на амбасадорот кој, како што рече, излезе во пресрет и ги спозна потребите и барањето на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас.

„Сите сме свесни колку е важно раното откривање и детекција на аутизмот и заради тоа сметам дека овие апарати кои се донирани денес од страна на Јапонската амбасада се важна опрема која ќе ги подобри условите во Заводот. Нашата соработка продолжува и на ниво на културниот сектор така што постои вистинско пријателство меѓу Северна Македонија и Јапонија“, рече Ѓорѓиевска.

Директорката на Заводот, Силвана Филипова потенцира дека опремата ќе овозможи значително подобрување на квалитетот и ефикасноста на дијагностичко-рехабилитацискиот процес на пациентите кои во најголем дел се деца со развојни говорно-јазични нарушувања.

„Заводот како установа се соочува со предизвикот да одговори на потребата на пациентите чија структура во последните години специфично се менува. Најголем дел од нив се деца кај кои се среќаваат главно потешкотии и развојни состојби како што се аутистичен спектар на нарушување, нарушување во сензорната интеграција, како и специфични говорно јазични нарушувања придружени со други состојби“, рече Филипова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com