-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Донација од САД ја зајакна лабораторијата на ИЈЗ: Филипче вели сега може да менаџираме каква било криза

Најчитани вести

Со донација вредна 570 000 долари, Лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го зголеми капацитетот, стана единствена во регионот која има „biosafety level 3“ и регионален центар во кој ќе може да се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Како единствена во регионот експертите од нашата лабораторија ќе ги обучуваат и експертите од БиХ, Албанија и Косово.

Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека со зајакнувањето на оваа лабораторија, земјава е подготвена да менаџира каква било криза која во иднина може да се појави кај нас и во регионот.

„Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека вработените се способни на соодветен, акредитран начин да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Тоа значи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално може во смисла на нов бран, не само нас, туку да не снајде и во целиот регион“,

рече Филипче.

Не занеме, потенцираше тој, што може да се случи во есенските месеци, не знае ниту една земја во светото, меѓутоа сега сме целосно подготвени.

Тој им се заблагодари на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз и на САД и порача дека на ваков начин Соединетите Американски Државни покажуваат што значи партнерство.

Амбасадорката Брнз истакна дека овој проект, донација на САД, е започнат уште во 2018 година пред да знаеме дека ќе се појави ковид-пандемијата и претставува инвестиција во здравствената безбедност.

„Иако малку знаевме за тоа колку важна улога за време на пандемијата ќе има оваа лабораторија во тестирањето и прибирањето на податоци кои потоа беа користени за информирање на јавноста во криричниот период, многу сме задоволни што и покрај многу малото доцнење бевме во можност дури и за време на пандемијата да работиме на реновирањето и проектот успешно да го завршиме минатата недела. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците“,

рече Брнз.

Како што беше споделено на прес-конференцијата, со оваа донација од 570 илјади долари, досега САД на нашата земја помогнале за зајакнување на здравствен систем со близу два милиони долари, како што беше доделувањето на лична заштита на опрема, респиратори…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com