9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Донација вакцини за Македонија – ТУРЦИЈА ЌЕ НИ ДОНИРА 30.000

Најчитани вести

Турција ќе и донира 30.000 вакцини од кинески Синовак. Ова било договорено вччера за време на посетата на премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче во Турција кај премиерот Реџеп Таип Ердоган.

– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, објави Филипче на Фејсбук.

На работната вечера вчера во Истанбул станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба.

Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. Од турската страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com