Милан е во преговори со ПСЖ за трансфер на голманот Џанлуиџи Донарума, јавуваат италијанските медиуми.
Неговиот агент Мино Рајола е веќе во Париз каде ги договара деталите со спортскиот директор на „светците“ Леонардо, кој до пред неколку недели работеше во Милан.
Понудата на ПСЖ е 20 милиони, плус Алфонс Ареола, кој Французите го проценуваат на 30 милиони евра. Италијанскиот тим е подготвен да се раздели од својот голман иако важи за еден од најталентираните во светот.
Доколку Милан се согласи на трансфер, тогаш ПСЖ за релативно малку пари ќе добие чувар на мрежата за следните 15 години.