17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Донарума сака да игра во ЛШ, па чека да види кој од Милан и Јувентус ќе се пласира таму

Најчитани вести

Џанлуиџи Донарума сака следната сезона да брани за клуб кој настапува во Лигата на шампионите, па ги стопира преговорите за својата иднина до крајот од сезоната.

Во Италија се води жестока битка за позициите кои водат во ЛШ, Јувентус и Милан имаат исти бодови, а реални се шансите некој од нив да не заврши во топ 4.

Донарума се уште не потпишал продолжување на договорот со Милан, а има шпекулации дека негова следна дестинација може да биде и Јувентус.

Последните информации од Италија велат дека младиот голман има желба следната сезона да биде дел од ЛШ, бидејќи досега никогаш не бранел во ова натпреварување.

Тој ги одложил сите разговори за неговата иднина и прво ќе почека да види каков ќе биде крајниот исход на табелата а потоа ќе одлучи дали ќе продолжи во Милан или ќе се пресели во Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести