13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

ДОМ прашува каков отпад се складира во Дрисла?

Најчитани вести

По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија, зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции.

ДОМ им се обрати директно на Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла” и Царинската управа.

„Како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во земјата, за да се складира на единствената официјална санитарна депонија „Дрисла” или на некоја од многуте диви депонии, дали се гори и каде, дали се употребува како

гориво за некои од фабриките со А или Б-интегрирана   дозвола,   или за погони што работат со елаборати?

Бараме споменатите институции да извршат внатрешна контрола   на својата документација и работење во оваа смисла и да дадат   јавен одговор. Како граѓани, бараме да биде заштитен јавниот   интерес и да се преземат итни мерки, било во измена на закони   и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните прекршители на постојната регулатива”, се наведува во соопштението од ДОМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com